Introduction: DJ Deep

2019-02-17

sasho

Сирил Етјен ака DJ Deep е артист кој изминативе 20 години континуирано го шири звукот на квалитетна андерграунд електронска музика.

И покрај сите трендови кои беа и се присутни на глобалната електронска сцена, Сирил никогаш не отстапил од своите замисли како артист, умешно експериментирајќи со различни жанрови на музика, од хаус до техно па се до диско, соул и експериментална амбиент музика.

Продуцент, диџеј, сопственик на дискографска куќа, промотер и радио водител. Целиот негов досегашен живот е исполент со музика уште од кога за првпат француската легенда Лорен Гарниер го поканил да биде негов warm up диџеј за Wake Up  резидент вечерите во познатиот париски клуб Rex на почетокот на 90-ти.

За себеси вели дека секогаш е аутсајдер, кога French Touch хаус сцената беше популарна тој бил длабоко навлезен во супер deep & raw андерграунд NYC хаус звукот. Кога таканаречениот “garage sound” станал главен тренд низ париските клубови и барови тој својот звук и инспирација го пронашол во првите “Klockworks” изданија на Ben Klock и други артисти и лејблови.

Тоа може да се забележи и по каталогот на неговиот record label Deeply Rooted.

На почетокот беше наречен Deeply Rooted House со изданија na Manoo, Kerri Chandler, Jovonn, K Alexi Shelby и други хаус легенди.  За потоа да се трансформира во Deeply Rooted издавајќи  EP-ја на носителите на модерниот техно звук како што се Ben Klock, Dax J, Jonas Koop, Terence Fixmer и други.

Последниве две години DJ Deep повторно стана актуелен со неговите продукциски изданија но овој пат во соработка со неверојатниот француски талент од поновата генерација на француски продуценти со кој скопската публика имаше прилика повеќепати да се забавува на неговите сетови а тоа е Roman Poncet aka Traumer.

Заедно имаат неколку проекти Sergie Rezza, DeepTraum, Adventice, Fang издавајќи широк спектар на различна музика од experimental, ambient, deep па се до подиумски ориентирани хаус и техно траки.

На 22 февруари овој петок ќе настапи заедно со неговиот долгодишен пријател DJ Gregory со кои имаа радио емисија во 90-ти на Radio FG наречена A Deep Groove.

Тоа ќе биден 5-6 часовно музичко патување низ најразлични жанрови и екслузивен настан кадешто ќе можеме да чуеме две париски легенди во back to back варијанта.

Воедно ова е првата журка од ваков концепт кој ние од клубот Сектор 909 ги започнуваме оваа сезона, за скоро ќе бидат објавени и другите еvent-и на кој ќе настапат по двајца интернационални гости во иста вечер.

Ако се сметате за вистински љубител на хаус и техно звукот ова е настан кој не смеете да го пропуштите.

Автор: Сашо Узуновски

Музика од DJ Deep

Artist - Track
-
ArtistTrack
1DJ DeepThai
2DJ DeepSurge
3St. GermainReal Blues (DJ Deep & Roman Poncet remix)
4DJ DeepChord Kids
5Kerri ChandlerGet It Right (DJ Deep Edit)
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели