Interview: Funky Fresh

2019-03-22

sasho

Оваа сабота хип хоп колективот Funky Fresh слави 3 години постоење на македонската клупска сцена во Сектор 909.

Освен веќе добро познатата екипа истата вечер позади грамофоните ќе им се приклучи и DJ Slave.

1. Сите знаеме кои се Гоце и Чваре, па затоа може ли да ни кажете нешто повеќе за Funky Fresh колективот. Кога е формиран, кои се во екипата....?

Funky Fresh e основана февруари 2016 која има за цел да промовира квалитетна музика и да ја унапредува музичката култура и оттогаш зад себе имаме преку 80 успешно организирани настани меѓу кои се Gang Starr Foundation, Roy Ayers, Jeru The Damaja, DJ Koco aka Shimokita, Lord Finesse и многу други.

Имаме и своја DJ екипа а во неа освен нас членуваат и Strajk, HyperTech, Drazi Drags, Dimitri od Chair, Oky Doky, Ilic  и најновиот член DJ Slave.

2. Долго време сте присутни на нашава клупска сцена и како артисти кои настапуваат секој викенд сте сведоци на нејзината еволуција низ годиниве. Каква е ситуацијата со хип хоп сцената во моментов, има ли некоја разлика сега и пред неколку години?

Многу е интересно дека покрај доминацијата на Трап музиката во последниот период посебно во мејнстримот, се појавуваат нови генерации на млади луѓе што се вртат кон класичниот хип хоп звук и корените на самата култура, што ни е дополнителен мотив да не отстапуваме од досегашниот концепт. Популарноста на домашната underground hip hop сцена можеби и никогаш не била поголема што многу не радува како промотери на истата.

3. Организатори сте и на можеби еден од најдобрите музички настани што му се случија на Скопје изминативе неколку години а тоа е Skopje Vinyl Convention. Дали се остваруваат замислите со кои го започнавте овој музички собир по веќе две успешни изданија?

Па да, со оглед на тоа што можеби помогнавме да  ја вратиме пасијата за купување на винили повторно која ни беше една од целите. Тоа ни дава огромна позитивна енергија која се надеваме ќе ја усмериме во збогатување на програмата на самиот настан. Досега учество на SVC во претходните две изданија земаа повеќе од стотина артисти и преку 50 дилери на плочи и плочари од земјата и регионот и се надеваме дека од година во година ќе расте бројот на учесници и посетители.

4. И за крај, знаеме дека двајцата сте страсни колекционери на 45ки особено ти Гоце. Може ли да ни кажете кои беа последните винили кои сте ги купиле?

DJ Goce:

Eruption - Funky Lover 7"

Bad Copy - Esi mi dobar/Idemo odma (Dubplate)

The East Flatbush Project - Tried by 12 7" 

DJ Chvare:

Reuben Wilson - Inner City Blues 7" 

Joe Thomas - Coco 7"

Jack Jacobs - I Believe It's Alright 7"

7" Vinyl by DJ Goce & DJ Chvare

Artist - Track
-
ArtistTrack
1EruptionFunky Lover 7"
2The East Flatbush ProjectTried by 12 7" 
3Reuben WilsonInner City Blues 7" 
4Joe ColeCoco
5Jack JacobsI Believe It's Alright ℗ 1976
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели