Interview: DJ Gregory

2019-02-18

sasho

Раните 90-ти години во Франција хаус музиката беше обскурно, контроверзно underground движење во кое само мал број на просветлени луѓе ја делеа истата пасија кон оваа музика. DJ Gregory беше еден од тие луѓе.


Растејќи во Париз и Њујорк Gregory се етаблира на хаус сцената како еден од најголемите таленти, тој е дел од златната генерација на електронската музика, рамо до рамо со DJ Deep, Ludovic Navare aka St. Germain, Shazz, Laurent Garnier.
Како дел од колективот A Deep Groove и радио емисија на Radio FG која ја кохостира заедно со DJ Deep и Alex from Tokyo, Gregory започнува да експериментира и со продукција.
Elle, Tropical Soundclash како и Underwater и Jean Claude издадени под неговиот underground моникер Point G, се само дел од траките кои се најдоа во сетовите на врвни диџеи меѓу кои и Louie Vega, Joe Claussell, Derrick May. Со неговата беспрекорна продукција и одлична техничка подготвеност Gregory доживеа интерпланетарен успех овозможувајќи му да настапува во најдобрите клубови, од Cielo New York, па се до Yellow во Токио, Panorama Bar, Fabric, Rex Club и други.


На 22ри Февруари овој петок ќе имаме можност да го чуеме овој француски музички виртоуз на нашиот подиум во Сектор 909 заедно со Dj Deep во целовечерна b2b варијанта.
Подоле може да го прочитате интервјуто кое го направивме со DJ Gregory.

Здраво Грегори, може ли да ни раскажеш како започна твојата приказна со хаус музиката, кој беше моментот кој те натера да станеш диџеј?

Се сеќавам како вчера да беше.  Во 1988-ма година бев во еден клуб кој се викаше The Palace и во истата вечер ги чув “Can You Party” од Todd Terry која всушност беше инструменталка на хаус хитот во тоа време “I’ll House You” од Jungle Brothers и “Can You Feel It” на Mr. Fingers/Larry Heard, трака која претставува најголемиот house anthem според мене. 

Слушајќи ги овие траки за првпат тотално ми го сменија мојот живот целосно посветувајќи се на музиката.

Француската house сцена беше прилично силна и голема во 90-тите, артистите St. Germain/Ludovic Navare и DJ Deep го ширеа house звукот, додека резидент вечерите на Laurent Garnier во клубот Rex беа место каде што за првпат можеа да се слушнат techno и acid house во Париз. Дали ти беше инволвиран уште од самиот почеток на клупската сцена?

Помеѓу 1988 и 1992  секое лето одев во Њу Јорк каде што почнав да излегувам по клубови и купувам плочи бидејќи во тоа време мојот најдобар пријател живееше таму.

Но можам да кажам дека активно се инволвирав во француската клупска сцена во 1994 кога DJ Deep ме покани мене и Alex from Tokyo да бидеме дел од едно попладневно радио шоу на Radio FG кое што се емитуваше секој ден од неделата помеѓу 12 и 14 часот.

Радио шоуто го нарековме “A Deep Groove” (Alex, Deep & Gregory).

Може ли да ни раскажеш како се запознавте ти и DJ Deep?

Во една продавница за плочи во Париз во 1992. Во тоа време како што кажав одев секое лето во Њу Јорк и купував house плочи кои што беа многу ретки и кои ги немаше низ плочарите во Европа и ги препродавав низ продавниците за плочи во Париз

Постарата генерација клабери и диџеи те паметат по DJ Gregory продукциите како што се Elle, Tropical Soundclash, Block Party, додека новава генерација те знаат како Point G кој издава по stripped down house траки и настапува live. Што мислиш околу тоа?

Навистина е така. Последниве 6 години многу се фокусирав на Point G проектот. Дури и на повеќето настапи изминативе години настапувам како Point G на кој што пуштам само моја музика. Но секогаш се радувам кога имам можност да пуштам музика како DJ Gregory бидејќи тогаш имам можност да вртам траки од други артисти.

И за крај, како си помина претходното лето кога вртеше за првпат во нашиот летен клуб Сектор 909 и што очекуваш од забавата што следи овој петок на 22ри Февруари каде што заедно со DJ Deep ќе имате all night long back to back вечер?

Таа беше супер журка и си поминав одлично, дури и се изненадив колку добро беше. А оваа "all night long b2b" вечер што претстои со DJ Deep ќе биде специјална бидејќи немаме толку можност како порано да настапуваме заедно. Ќе биде долго музичко патување низ повеќе стилови музика и по некои добри стари класици. 

DJ Deep B2B DJ Gregory Петок 22ри Февруари во Сектор909

Музика од DJ Gregory/Point G

Artist - Track
-
ArtistTrack
1DJ GregoryElle
2DJ GregoryAttend 1
3DJ GregoryYou Are My Friend
4Point GUnderwater
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели