Interview: Kirk Degiorgio

2019-04-03

sasho

Кој беше клучниот момент кој те натера да почнеш да продуцираш музика?

Започнав со купување на студиска опрема некаде околу 1990. Соработката со момците од The Black Dog беше првиот момент кога видов студио, но после посетата на Детроит кадешто ги посетив музичките студија на Transmat и Metroplex и видов за првпат на какви опрема се продуцирани сите тие детроитски техно класици ме инспирираа да купам опрема и да започнам со продукција.

Имаш работено во плочара исто како и многу други old school DJ/и како што се Derrick Carter, DJ Sneak, Mike Huckaby. Како тоа влијаеше врз твојата музичка кариера? Дали работењето во плочара е еден вид неформална музичка едукација?

Тоа е всушност едукација. Купувачите на плочи се опсесивни околу музиката па затоа по цели денови си опкружен со музика без ралика дали слушаш или пак дискутираш за неа. Продавницата во која работев се наоѓаше во центарот на Лондон и беше клучно место за запознавање на други DJ-и, музички новинари, лејбл сопственици и слично.

Мислам дека првата твоја продуцирана трака е Dance Intelect под алијасот Future Past. Го има баш оној raw underground звук. Се сеќаваш ли каква опрема користише во тој момент?

Да, тој raw звук е бидејќи знаев многу малку околу миксингот и ми се допаѓаше звукот од каналите на миксерот да одат во црвено. Семплував расипан Roland TR303 во Akai S950 и тоа беше баслинијата, додека перкусиите и kick-от беа од Roland R8 која беше нова drum машина во тоа време. Во основа тоа беа елементите користени за продуцирање на Dance Intelect.

Познат си како артист кој сака да продуцира секаков вид на стилови на музика од house, techno па се до break, drum n bass. Може ли да ни кажеш нешто повеќе околу тоа?

На почетокот на 90-ти се појави jungle стилот и групи како 4Hero и започнав со експериментирање на breaks на еден од моите први албуми како As One. Потоа следеше соработаката со Photek во 96-та но и двајцата потпишавме договори со големи дискографски куќи и едноставно немавме време да ги завршиме проектите кои ги замисливме.

Многу е малку познато дека всушност ти си првиот артист кој започнал да го употребува музичкиот софтвер Abelton во твоите DJ сетови многу порано пред Richie Hawtin и други. Како се смени твојот пристап кон твоите настапи?

Барав начин како да станам покреативен во моите DJ настапи, како да ги реаранжирам или ремиксирам траките без притоа да бидам ограничен користејќи 2 или 3 грамофони. Во моментот кога открив дека со Ableton можам да синхронизирам комплетни траки започнав да настапувам со овој setup. Сетовите се многу покомплексни и има многу мали техники со кои што се може да излезе надвор од контрола, затоа концентрацијата е многу важна при пуштањето музика.

Може ли да ни кажеш нешто повеќе околу Machine Nights концептот на забави кои ги започнавте заедно со Ben Sims пред неколку години?

Тоа беше еден вид на одговор на сето она што се случуваше на техно сцената пред околу 8 години. Сакавме да создадеме концепт на забави кадешто ќе се презентираат најновите и најдобри/неиздадени траки на DJ-и и артисти. Ben беше вистинскиот човек за да го започнеме ова. Многу сме слични бидејќи заедно имаме фанатична љубов кон музиката, а самиот факт дека сме на оваа сцена скоро три декади тоа е уште поголема причина вистинските љубители на оваа музика да ги посетуваат овие Machine техно вечери.

Овој петок настапуваш во Сектор 909 заедно со Steffi. Дали  некогаш си настапувал заедно со Steffi во иста вечер или ова ќе биде за првпат?

Мислам дека ова ќе мое петто гостување во Скопје, и да ова е првпат да настапувам со Steffi во иста вечер. Сум ја слушал неколку пати и морам да признаам дека таа е една од најдобрите аритсти и DJ-и на оваа сцена. Многу тврда но и многу мелодична што е за мене најдобра комбинација. Се гледаме во петок.

Музика од Kirk Degiorgio

Artist - Track
-
ArtistTrack
1Kirk DegiorgioBurning Stone (ROD Remix)
2Kirk DegiorgioThe Convergence
3Kirk Degiorgio & Ben SimsStrike
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели