Introduction: Gerd Janson (Running Back)

2019-03-13

sasho

Овој петок ни гостува еден од најверсатилните DJ-и на денешницата Gerd Janson и сопственик на еден од најдобрите дискографски куќи Running Back.

Gerd неговите тинејџерски години ги поминува во малиот град Дармштад во југозападна Германија, но секој викенд патувал до Франкфурт за да може да ги чуе и купи најновите изданија кои се наоѓале во локалните плочари.

Овој негов “порок” е главен виновник да винил колекцијата која ја има во неговиот дом брои повеќе од 20.000 плочи.

Во 2002 г. заедно со Thorsten Scheu ја основа дискографската куќа Running Back платформа за која Gerd и Thorsten велат дека нема некој жанровски правец но сепак секое издание е посебно само по себе. Артистите кои имаат издадено музики на овој лејбл доволни кажува за неговата значајност. Theo Parrish, Radio Slave, Kink, Todd Terje, Move D, Tiger & Woods се само дел од имињата кои се наоѓаат на каталогот на Running Back.

За Gerd Janson велат дека знае да врти музика за секаков подиум, а со тоа што е долги години резидент DJ во клубовите Panorama Bar и Robert Johnson само се потврдува епитетот “a DJ’s DJ” со коишто многумина го нарекуваат .

На 15 Март овој петок ќе имаме можност за првпат да го чуеме Gerd Janson на нашиот омилен подиум во Сектор 909.

Локална подршка за оваа вечер ќе бидат DJ Ux и Soul Case, а момците избраа по некоја трака и напишаа по некоја реченица зашто токму овој лејбл се издвојува од сите останати.

Soul Case

Кога го слушам името Running Back, првата асоцијација што ми паѓа на памет е разноликост во изданијата, притоа секогаш задржувајќи го високото ниво на квалитет. Лично ми е еден од омилените лејблови и во скоро секој мој сет се наоѓа барем по една трака од истиот. Има толку многу квалитетни изданија, веќе повеќе од 10 години наназад, кои што се наоѓаат во ротација на многу диџеи што се бават со електронска музика, да ми паѓа енормно тешко да се одлучам за само неколку. Но, три траки кои што ми оставиле особен впечаток, без одреден редослед, би биле:

  • Syncbeat – Music (Original Mix)

Reissue на класик од 1984-та година. Во изданието од 2018та на “Running Back” се додадени и два “club tools” и еден фантастичен ремикс од Boris Dlugosch. Многу често знам да отворам сет со Music (Boris Dlugosch Tribal Reprise) , најчесто ако настапувам после друг диџеј бидејќи акапелата дава простор за мала пауза на подиум а траката постепено зголемува тензија како што се додаваат и останатите елементи, за на крај со влезот на мелодијата целосно да се одврзе еуфоријата.

  • DJ Nori – Happy Sunday (Maurice Fulton Remix)

Не можам да се сетам на друга трака со вака моќна бас линија. Додади перфектно комплементарен ритам и ете ја формулата за на подиум. Дефинитивно целосно доаѓа до израз на моќно озвучување, а слушајќи ја во Panorama Bar е приказна за себе.

  • Tornado Wallace – Trance Encounters (Original Mix)

Running Back по своето работење е еден и единствен, бидејќи е лејбл кој може да издаде буквално се – од 4x4 техно, до диско, до хаус, до, ете, ова. Албумот на Tornado Wallace – Lonely Planet ми беше еден од омилените во 2017тата година, а да морам да издвојам само една трака од целиот албум, тоа би била Тrance Encounters. Прекрасно, непредвидливо и емоционално парче музика.

DJ UX

  • Krystal Klear - Miyoki

Тазе издание, нема ни еден месец од кога излезе. Krystal Klear заедно со Running Back како да го имаат рецептот за песна која може на секој подиум да пројде. Како што беше со нивното издание "Neutron dance" во 2018, би рекол дека ова EP ќе го има истиот успех во 2019.

  • Jex - Studio E

Моќна бас линија која преовладува цела песна, надополнета со spacy & acid елементи во доволна количина за да се задржи тензијата. Песна од овој лејбл која во последно време често се наоѓа во моите сетови.

  • Kink - Perth

Песна која може да се каже дека се сврте во скоро секој наш сет со Soul Case летово. Буквално како што е опишана на самиот label - "Perfect house music for techno DJs and techno music for disco DJs" може да се вклопи во секој сет и да ја крене дополнително атмосферата на самата забава.

Facebook Event

Подоле можете да ја преслушате целата плејлиста непрекинато преку музичкиот плеер.

Музика издадена за Running Back на Gerd Janson

Artist - Track
-
ArtistTrack
1SyncbeatMusic
2DJ NoriHappy Sunday (Maurice Fulton Remix)
3Tornado WallaceTrance Encounters
4Krystal KlearMiyoki
5JexStudio E
6KinkPerth
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели