Легендарно Отварање на Летната Сезона

2019-05-27

bozho

Let the good times roll!

Како што наближува престојниот викенд се повеќе сме возбудени за програмата со која ќе ја отвориме летната сезона. Програма достојна за една светска метропола.

Го отвараме летниот клуб Сектор 909, организацијата Oubli прославува една година постоење, а Кафе Излет прославува 10г. постоење.

Викендот започнува во петок напладне во Кафе Излет каде што ќе можете да ги преслушате сетовите на Uzun Brothers, Ulterior & Bruv, а во вечерта продолжува со San Proper. Повеќе инфо тука. Диџеј сетот од San Proper кој ни гостуваше летоска го објавивме како прв подкаст на сајтот.

По полноќ се селиме во летниот клуб Сектор 909, каде што ги имаме нашите Soul Case и DJ UX од Oubli, а потоа забавата ќе продолжи со двата врвни селектори Lipelis и Airbear. Повеќе инфо тука, а во прилог и два диџеј сетови од Lipelis и Airbear.

За сите оние кои се расположени за авантура, во недела во Солун има денска журка на кровот на хотелот Porto Palace. Тука нашиот Sasho Uzun ќе настапи заедно со Thomas Numan од Солун, а главни ѕвезди на вечерта се Detroit Swindle. Повеќе инфо тука, а во прилог еден микс од Detroit Swindle.

И за крај, можеби најголемата вест од сите, мајсторот на афричките ритмови Henrik Schwarz за прв пат доаѓа во Македонија и тоа со настап во живо. Овој настан се одржува на 7ми Јуни, локална подршка има од Оги, а повеќе инфо можете да најдете тука. Во прилог настапот во живо на Henrik Schwarz за Cercle.

Подолу можете да ги преслушате сите миксови во една плејлиста која ќе продолжи да свири додека навигирате низ веб сајтот.

Отворање на Летна Сезона 2019

Artist - Track
-
ArtistTrack
1San ProperBoiler Room Sao Paolo
2LipelisListen! x boiler Room
3AirbearAirbear Boiler Room BUDx Seoul DJ Set
4Detroit SwindleDETROIT SWINDLE disco & house set in The Lab LA
5Henrik SchwarzCercle
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели