Пост Отворање На Клубот

Пресреќни сме со тоа како пројде отворањето на клубот. Фантастична публика во голем број, сите дојдени да слушнат добра музика. Започнавме нова приказна која се надеваме ќе стане уште подобра со текот на времето.

По четврток доаѓа петок, а со тоа и нова програма во клубот. Вечерва ќе не забавуваат диџеите Soul Case и Самоил Радински.

За припрема во прилог (подолу во плеерот) слушнете го последниот подкаст на Soul Case, снимен за Битолската промотерска организација Hauz Music.

Исто така и неколку фотографии од отворањето, направени од Марија Величкова. Остатокот од фотографиите ќе го споделиме наскоро.

Се гледаме!

Soul Case New Podcast

Artist - Track
-
ArtistTrack
1Soul CaseHauz Music Podcast
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели