Interview: ReKonekt

2019-09-17

bozho

Како започна Конект Фестивал?

Идејата произлезе сосема спонтано кога со екипа на луѓе почиствувавме дека нешто во средношколскиот живот фали, нешто што ќе ја подигне и сплоти ведрината и енергијата на секој од нас. Секако, на почетокот изворот на мотивација ни беше забавата, па затоа и идејата ни леташе низ воздух. Тек после првиот Конект станавме свесни во што може да прерасне, дека може да биде обележје на средношколскиот живот. Така да, концептот на Конект е да ги истакнеме нијансите на средношколските животни стилови преку диверзитетот на настани, каде секој би можел да се надогради и пронајде себе си.

Вашиот нов концепт е ReКонект, кажете ни нешто повеќе околу тоа?

На почетокот сакаме да напоменеме дека Конект Фестивал останува главен приоритет, а воедно и извор на новиот концепт. После три години организирање на средношколски фестивал осетивме желба идејата да ја прошириме и низ другите генерации. Искрено сметаме дека одредена квалитетна идеја во соодветни околности не треба да остане нереализирана. Ова беше мотивот што не донесе до ReКонект. ReКонект започнува со журка во Сектор, но планот е да се организираат различни културни настани со цел да ги подржиме интересите на младите.

Што ќе се случува на 20.09?

Првиот настан ReКонект се случува на 20.09 во Сектор и ќе биде тематска журка со фино скоцкан line-up. Чест ни е да споделиме дека за отварањето на ReКонект ќе имаме еминентен dj од Токио како главна точка на вечерта. Полниот состав на dj-и е:

  • Brus
  • The DD’s
  • YOSHIDA
  • Dj UX (Oubli)

- Карактерот на журката ќе биде изнесен преку шарени bucket hats кои ќе го дополнат и украсат подиумот и outfit-от на првите 200 гости. Секој ќе ја има можноста да биде чекор подалеку од социјалните мрежи барем на неколку саати преку покривање на камерите на телефоните. Со ова сакаме да ги отфрлиме телефоните како дистракција за целосно уживање во она што ви го нудиме заедно со Сектор. Картите се во претпродажба и може да ги набавите во Излет.

Што имате да понудите различно?

Кога размислуваме за организирање на било каков настан почнуваме од она што на младите им недостига, не можат да го најдат било каде во Скопје или воопшто не знаат за тоа. Друг фокус во нашите настани е соединувањето на сите различни животни стилови кај младите, со цел да бидат дел од нешто поголемо додека остануваат свои и уникатни. Сакаме да се потрудиме да им дадеме можности на младите каде што ќе можат слободно да се изразуваат. Третата воедно и заедничка цел што ја имаме со Сектор е да им оствариме на младите простор и прилика да откријат нови жанрови, а со тоа и едукација за поквалитетна музика.

Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели