Sunday Sounds: Playlist by Steffi

2019-03-24

bozho

По добар клабинг во петок и сабота, недела е ден за полнење батерии и припрема за неделата што следува. Така, за недела соодветна музика е амбиенталната.

Во рубриката Sunday Sounds можете да најдете музички препораки токму за овој период од неделата.

За почеток споделуваме плејлиста составена од диџејката Steffi која на 5ти Април ни гостува во Сектор 909 заедно со Kirk Degiorgio.

Steffi е добро позната по своите енергични сетови во клубови како Berghain/Panorama Bar, меѓутоа таа е и одличен познавач на електронската и IDM музика, што може да се заклучи од музиката која ја издава за нејзините издавачки куќи Dolly и Klakson.

Оваа плејлиста таа ја сподели на Spotify како музика која таа ја слуша кога е надвор од студиото. Плејлистата содржи музика од легенди на електронската музика како: Boards of Canada, Autechre, Richard Devine, Plaid feat Bjork, како и музика од Steffi и нејзините соработници.

Плејлистата може да ја најдете во плеерот подолу, а додека ја слушате музиката можете слободно да навигирате во сајтот, без музиката да прекине.

Уживајте и припремете се за одличните настани кои следуваат во Сектор 909.

Sunday Sounds by Steffi

Artist - Track
-
ArtistTrack
1Global Communication14:31
2BiosphereCloudwalker II
3The Irresistible Force12 O'Clock
4Boards of CanadaJacquard Causeway
5B12Infinite Lites
6BolaPendulus
7Future Sound of LondonEgypt
8PlaidLilith (feat Bjork)
9GescomKey Nell 1
10E.O.G.Solid Liquid
11Richard DevineUntitled 3
12Sun ElectricEya
13AutechreBasscadet
14PhoeniciaThong
15PhoeniciaOdd Job Rhythm Box Version (Soul Oddity Remix)
16ObjektGanzfeld
17Doms & DeykersTransative
18MartynMove
19ShedAtmo
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели