Introduction: Tornado Wallace

2019-11-13

bozho

Овој Петок ќе имаме прилика да го чуеме Tornado Wallace како гостин на Oubli Nights во Сектор 909!

Lewie Day или уште попознат како Tornado Wallace е, без сомнение, едно од највозбудливите имиња кои излегоа од новиот бран на артисти во Австралија. Тоа што го двои од останатите артисти, е неговиот импресивен каталог на сопствени изданија кои често се наоѓаат во торбите на диџеите како Andrew Weatherall, Motor City Drum Ensemble и Tim Sweeney. Неговите изданија за Beats in Space, Running Back, Delusions of Grandeur, Second Circle, ESP Institute, се доказ за неговиот музички талент и сеопфатност. Дополнително, Tornado aгира и како половина од дуото Coober Pedy University Band и неодамна формираното дуо Psy Def X заедно со Luca Lozano.

Иако поголемиот дел од годината го проаѓа во неговото студио во Берлин и низ европските метрополи како глобален музички амбасадор, тој има есенцијална улога во underground сцената во Мелбурн преку хостирање на месечните C Grade Parties и како дел од промотерската и издавачка куќа Animals Dancing заедно со Otologic Duo и Andee Frost.

Неговите селекторски способности се секогаш импресивни што е и причина поради која константно го заобиколува светот и веќе со години наназад е стандарден на некои од најрелевантните фестивали, радија и во клубови како Sugar Mountain, NTS, Red Light Radio, Panorama Bar и Concrete.

Во Петок публиката ја очекува одлична забава со широк дијапазон на музички селекции кои варираат од house, disco, па се до mid-tempo balearic и acid. Во продолжение слушнете мини селекција од три негови траки:

Introduction: Tornado Wallace

Artist - Track
-
ArtistTrack
1Tornado WallaceKakadu
2Coober Pedy University BandKookaburra
3Tornado WallaceStart Again
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели