Wax Revival - Нова Онлајн Продавница За Плочи

2019-06-21

bozho

Wax Revival е нова онлајн продавница за плочи, која има за цел да ја прошири винил културата и да ја доближи како до “обичните” љубители на овој формат, така и до диџеите.

На репертоарот ќе можат да се најдат нови и користени плочи, од најразлични жанрови на електронска музика па се до хип хоп, фанк, соул итн... Паралелно на веб шопот, започнува и проектот “ Wax Preservation Society “ со идеја да се групираат на едно место, и претстават сите диџеи кои ги негуваат плочите. Секое неделно пладне ќе биде постирано едночасовно видео од винил сет на повеќе домашни и странски артисти.

Првиот промо настан е закажан за во петок 21.06 во Sektor 909 ( Диско У Диско ) во 21 часот. Во оваа 12” едиција позади грамофоните ги имаме Soul Case и DJ Ux од Oubli.

Се гледаме во петок, а во сабота не заборавајте да ги погледнете првите плочи кои ќе бидат објавени на веб страната!

Повеќе

Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели