Добредојдовте

Здраво Најдраги Посетители!

Добредојдовте на новиот веб сајт за клубот Сектор909, место каде што може да дознаете повеќе за настаните кои ги организираме, музиката која ја слушаме, како и многу други работи кои сметаме дека вреди да се споделат со вас.

Вложивме многу труд градејќи го веб сајтот со цел да имаме место во дигиталниот свет што ќе го чувствувате како дома. Во овој блог пост, првенче, ќе ви објасниме што се може да најдете на сајтот и како да го користите истиот.

Главни Секции

Веб сајтот има неколку секции покрај главната страна: Настани, Блог, Диџеи и страна за Контакт. Во страната Настани може да ги најдете сите идни и претходни настани на нашата организација. Во Блогот може да ги најдете новостите кои сакаме да ги споделиме со вас. Контакт страната е страна преку која може да не контактирате, да ја видите локацијата на мапа и да го најдете Сектор909 на социјалните медиуми. Страната на Диџеите, пак содржи инфо за нашите резидент диџеи, како и нивни миксови, селекции на омилена музика и настапи на кои учевствуваат.

Add to home screen & Facebook login

За мобилни уреди и таблети постои опцијата да се креира икона која веб сајтот ќе го отвори како засебна апликација. Подолу може да видите прикажано на слика како да го направите истото на Android и IOS оперативните системи.

Facebook Login опцијата (на главната страна) ви нуди персонификација, редовно информирање за последните новости, бесплатна музика како и други работи кои ќе ги објавиме наскоро. За комплетно искуство на сите понудени опции на сајтот најдобро е да се зачлените.

Музички плеер

Како музички фрикови застапеноста на музиката на веб сајтот ни е една од најважните работи. Затоа направивме специјален плеер преку кој може да ги слушате миксовите на нашите диџеи, нивните омилени песни, или пак плејлистите од блоговите, како оваа подолу. Музиката од плеерот не престанува кога менувате страни, а доколку плеерот ви одзема многу место, кликнете на стрелката на левиот крај и плеерот ќе се собере во едно копче преку кое можете повторно да го отворите.

Галерија

Под плејлистите на блогот исто така може ја најдете и галеријата, каде што лесно ќе можете да најдете слики од нашите настани. За почеток еве неколку слики од летната сезона, да се загрееме за отворање на новото зимско диско.

Се надеваме дека ќе ви се допадне веб сајтот и sektor909.мк ќе биде ваша редовна станица во online светот.

Доколку ви се допаѓа не заборавајте да го споделите со вашите пријатели!

Welcome

Artist - Track
-
ArtistTrack
1UlteriorNYE 2018 at Izlet Kafe
2Takasi NakajimaLive at Sektor909 Summer 2018
Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели