SAM - Delaphine Records

2019-01-11 Facebook Event

Сектор909

Line Up:

  • SAM
  • Sasho Uzun

Samuel Andre Madse - S. A. M. е познат по своите sleek, subtle и tribal траки и неговата "монашка" посветеност. Потекнува од данско, конзервативно, христијанско семејство, син на проповедник за подоцна и тој самиот да заврши теолошки студии. S.A.M. вели дека токму таа продуховеност е неговиот линк до музиката. Благодарен на својот постар брат S.I.M. (и тој е диџеј) кој во време кога во нивното семејство било строго забрането да се слуша нерелигиозна музика, му ги подарил првите касети со музика од Underworld и Ludovic Navarre. После неколку години инспириран од Fred P, Jus Ed и Omar S почнува со сопствена продукција. Поради тој беспрекорен стил и талент е тешко да останете воздржани при секое ново издание. Покрај продукцијата и диџејството тој го води и лејблот - Delaphine. Издава музика под повеќе алијаси : S.A.M., Rev-s, Sapriori и Mandar заедно со Lazare Hoche и Malin Genie. За крај S.A.M. вели дека музиката вистински може да те хипнотизира и спознае на подиум, па ние со нетрпение чекаме во петок на 11 Јануари да не хипнотизира на нашиот подиум.

Забавата почнува во 23 и 30ч, домашна поддршка Sasho Uzun a цена на билет е 300мкд.

Повеќе: Фејсбук Настан

Сподели со твоите пријатели