Serge Clone - Clone Records во Сектор 909

2018-12-29

Facebook Event

Сектор909

Line Up:

Serge Clone, OG!

Ако постои свето тројство на електронската музичка сцена тогаш дефинитивно членови на ова тројство би биле Mad Mike(Underground Resistance), Dimitri Hegemann(Tresor) и пионерот на холандската techno сцена Serge Clone.
Serge е човекот кој стои позади легендарната продавница за плочи Clone Records.
Освен раководење на плочара под капата нa Clone Records, Serge истотака менаџира и неколку дискографски куќи кои во нивното име ја содржат придавката Clone како и цела мрежа на дистрибуција и A&R од classic house, techno па се до електро.
Неговата музичка одисеја започнува во доцните 80-ти, време кога резидент DJ-ти имале all night long сетови и нивниот избор на музика морал да биде версатилен и возбудлив се со цел да ги задржат клаберите разиграни цела ноќ на подиум.

Поради неговата неуморна работна етика и исклучително изострен слух за future classics house/techno/electro траки, во раните 90-ти Serge се решава да ја отвори Clone Records дискографската куќа и истоимената продавница за плочи Clone Records. Денес после две декади, Clone Records е дефинтивно една од најголемите електронски музички империи за која имаат издадено и реиздадено музика највлијателните артисти на електронската музика, од Drexicya, Dopplereffekt, Larry Heard, Marshall Jefferson, Legowelt, Mike Dunn, Alexander Robotnick, Jovonn, Ben Sims, Robert Owens и други.
Велат дека не постои ниту една серизона диџејска винил колекција а да нема барем неколку винил изданија на полиците или во диџејската торба за винили издадени за легендарната дискографска куќа Clone Records.

На 29 Декември Сабота ќе ја имаме таа привилегија да го чуеме Serge Clone во новиот зимски простор на вашиот и наш клуб Сектор 909.

#ourgoalisthefutureand less children with no destiny, Sektor 909

Локална поддршка: OG!
Влез: 300 ден.

Повеќе: Фејсбук Настан

Сподели со твоите пријатели