Петок: Tornado Wallace

2019-11-15

00:30

Facebook Event

Сектор 909

250

Line Up:

Tornado Wallace

DJ UX

Soul Case

После неколкуте изданија на Oubli Nights со домашни и странски артисти, со особено задоволство го најавуваме Tornado Wallace, еден од нашите омилени артисти!

Tornado Wallace е едно од највозбудливите имиња кои излегоа во последниве години од новиот бран на артисти од креативната сцена во Австралија. Иако поголемиот дел од годината го проаѓа низ европските метрополи како глобален музички амбасадор, тој исто така има есенцијална улога во underground сцената во Мелбурн преку хостирање на месечните C Grade Parties и како дел од промотерската агенција Animals Dancing.

Тоа што го двои од останатите артисти, е еклектичниот стил во неговите DJ сетови, но и неговиот импресивен каталог на сопствени изданија. Зад себе, меѓу другото, има изданија за Beats in Space, Delusions Of Grandeur, Second Circle, ESP Institute како и импресивен албум за Running Back. Агира и како половина од дуото Coober Pedy University Band и неодамна оформираното дуо Psy Def X, заедно со Luca Lozano, што само е потврда за неговата музичка сеопфатност.

Неговите селекторски способности се секогаш импресивни што е и причина поради која константно го заобиколува светот и веќе со години наназад е стандарден на некои од најрелевантните фестивали, радија и во клубови како Sugar Mountain, NTS и Panorama Bar.

На 15ти Ноември ни гостува во Сектор 909!

Повеќе: Фејсбук Настан

Сподели со твоите пријатели