Podcast 001: Roberto Bosco

2019-09-04

Откако пред некое време го започнавме Livecast серијалот на миксови снимени во Сектор 909, време е да го започнеме и серијалот на ексклузивни миксови снимени за Сектор 909. Прв во редот е Roberto Bosco, кој настапува во петок заедно со DJ Nobu. Повеќе инфо тука.


Robeto Bosco е исклучително млад DJ/продуцент кој доаѓа од Салерно, Италија. Сопственик е на дискографската куќа Last Drop Records и e активно присутен на електронската музичка сцена повеќе од 10 години.
 Има издадено музики за едни од најдобрите underground техно/хаус дискографски куќи Nightvision, Figure, A.R.T. , Be As One Imprint чии сопственици се Orlando Voorn, Len Faki, Kirk Degiorgio и Shlomi Aber. Неговите траки се ремиксувани од Etapp Kyle, Dasha Rush, Chez Damier и други.

Како увертира за журката овој петок ни направи специјален промо електро сет.

Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели