Podcast 002: Wes Baggaley - Winter Club Opening

2019-10-07

На 10ти Октомври стартаме зимска сезона. Ништо повеќе не ви кажуваме, освен дека за гостин имаме еден супер лик. Подоле читнете кој е, што е и зошто ни е битен.
Покрај интервјуто, Wes склопи супер промо микс во којшто може да чуете траки од Secretsundaze, Louie Vega, Jeff Mills, Derrick Carter, Gemini aka Spencer Kincy, Daniel Bell, Steffi, Virginia, Moodymann…

Wes Baggaley е еден шармантен лик и супер селектор кој со своите еклектични сетови креира одлична атмосфера сочинета од префинети хаус, техно, диско и фанк траки.
Заедно со неговиот partner in crime Dan Beaumont имаат долгодишна резиденција наречена Bottom Heavy, една од најпопулраните и музчички најдобри вечери на квир заедницата во Лондон и пошироко.

Изминитата година беше доста успешна за Wes, со неговите одлични настапи за платформите на Boiler Room и Mixmad DJ Lab за брзо време неговиот звук допре до огромната европска и америчка хаус и техно сцена овозможувајќи да настапи низ сите поголеми градови и клубови долж светов.

Здраво Wes, може ли раскажеш како започна твојата диџесјка кариера, кој беше одлучувачкиот момент?


Отсекогаш сум купувал плочи, и тоа најразлични стилови. Почнав да одам во клубови и на журки   1990-1991 уште кога бев малолетен. Во тоа време купував хаус и техно винили но не толку често.
Ја носев колекцијата на афтери кај еден другар во стан кој што имаше грамофони и ги учевме диџејските вештини.
Клучниот момент за мене беше кога за првпат го слушнав Derrick Carter на Back to Basics забавите во 1994 или 1995 и тоа ме инспирираше да купувам плочи пофреквентно и исто така купив грамофони. За првпат пуштав музика во клуб неколку години подоцна кога се преселив во Манчестер.

Кој се твоите омилени ДЈ-и/продуценти и дискографски куќи?

Моите најомилени продуценти би биле  Larry Heard, Cajmere/Green Velvet, Maurice Fulton, Moodymann, Theo Parrish, Spencer Kincy aka Gemini (најдобриот DJ според мене), Chez Damier, старите продукции на Carl Craig, Daniel Bell, Matthew Herbert, Underground Resistance, Robert Hood, Marcellus Pittmann. Можам и да продолжам уште со набројување....:)))
Додека најдобрите дискографски куќи за мене се:  Cajual, Relief, Dance Mania, Prescription, UR, Warp, KDJ, Sound Signature. Исто така и дискографската куќа на Josh Cheon Dark Entries, лејблот на Violet Naive, и одличниот Dolly label во сопственост на Steffi. Мислам дека последниве споменати се едни од најинтересните дискографски куќи кои се појавиле скоро.

Заедно со Dan Beaumont имате резидент вечер наречена Bottom Heavy. Како се разви оваа идеа и дали овие вечери еволуираат како што очекувавте?

Dan е мој многу добар пријател, неколку пати не букираа на исти забави и решиве да пуштаме back2back бидејќи имаме сличен стил а и двајцата сакаме долги сетови.
Имаше супер фидбек и се одлучивме да креираме резидент вечер во Dalston Superstore, и досега нашите резидент вечери се случиле и во други клубови. Меѓу последните заеднички настапи беше оној во легендарниот Robert Johnson во Франкфурт.

Исто така имаш резиденција и на Rinse FM со десетици радио емисии досега. Дали е тоа твојот стил на вртење музика како на радио емисиите или пак е можност да вртиш различни жанрови?

Се трудам да вртам музика според моето расположение тој ден кога имам радио шоу. Во суштина секогаш започнувам со нешто поспоро, jazz-и бидејќи е утринска емисија но честопати завршувам со потврда музика. Во план е да го сменам и форматот на емисијата за да можам да вметнам различни стилови како и гости.

На електронскава сцена повеќе си познат како DJ отколку како продуцент. Планираш ли да се посветиш повеќе на продукција?

Да…досега имам неколку изданија. Murder на Interzone Music, тоа е платформа повеќе за industrial жанрот. Ремикс на Ben Caldwell на МеМеМе лејблот коешто е повеќе техно и уште неколку acid изданија.
Овој период сe подготвувам за live act заедно со Марго кадешто ќе настапиме на еден event во Манчестер, кој ќе биде комеморација, односно одбележување на 30 години од паѓањето на Берлинскиот зид.

Што очекуваш од журката во Сектор 909 овој четврток?

Добра забава со фини луѓе и добар звук.

Ти се допадна? Сподели со твоите пријатели